Царовска: Јас гледам среќа во очите на децата, среќа кај наставниците

 Спремни ја започнуваме учебната година со физичко присуство. Но, би сакала да потенцирам дека е многу значајно секој поединец, кој што, во моментов е во некаква конекција со системот на образование да биде одговорен. Мала неодговорност може да донесе, одредени училишта да го променат моделот на функционирање, порача денеска министерката за образование, Мила Царовска, на прес-конференција во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје по повод почетокот на новата учебна година.

Во највисок интерес на сите ученици, нагласи Царовска, а со тоа и во највисок интерес на иднината на државата е учениците да се со физичко присуство и да ги почитуваат протоколите.

– Ако сите ги почитуваме протоколите, се грижиме за своето здравје и за здравјето на нашите најблиски, тогаш навистина имаме можност да одржиме континуитетна настава со физичко присуство, а притоа да го заштитиме и јавното здравје, изјави Царовска.

Значајно е, нагласи Царовска, што наставата започна со физичко присуство.

– Јас гледам среќа во очите на децата, среќа кај наставниците, затоа што за да имаме целосен образовен процес, потребно е училниците да бидат отворени за учениците и за наставници. Така продолжуваме се додека не наложи епидемиолошката состојба, нештата да бидат поинаку. Секој, случај се решава индивидуално, согласно позитивните законските прописи и правилници за однесување и дејствување во образовен систем, рече Царовска.

Градоначалникот Петре Шилегов, информира дека Градот Скопје во сите 23 средни училиште со кои раководи во соработка со МОН и Министерството за здравство ги презема сите неопходни мерки кои ќе гарантираат безбедна посета на наставата.

– На сите 22.500 средношколци во Градот Скопје им посакувам успешен старт и тек на новата учебна година, каде децата се враќаат во клупите по пауза од една и пол година. Очекувам дека ќе успееме сите со заеднички сили да го задржиме тоа и децата ја завршат учебната година во училишните клупи, порача Шилегов.

Не може, нагласи Шилегов, само институциите да бидат одговорни за здравјето и затоа разговараме и со учениците, за како што рече, сите на свој начин да придонесат за задржување на здравствената состојба на што е можно повисоко ниво.

Директорот на „Никола Карев“, Андреј Манолев, каде од ова учебна година се отвора првата италијанска паралелка во нашата земја, порача дека училиштето е целосно подготвено за отпочнување на учебната година со физичко присуство со следење на сите протоколи.

–  Во училиштето има 1.017 ученици распоредени во две смени. Седењето ќе биде по протокол на МОН и имаме назначено двајца дежурни професори за секој кат во училиштето, кои што ќе бидат задолжени да не дозволуваат многу контакти меѓу децата, туку да бидат прибрани во училниците. За време на одморите, има простор каде и на кој начин, на отворено малку да земат здив и бидат подготвени за вториот дел од наставата, изјави Манолов.

Секое дете, нагласи Манолов, задолжително ќе мора да носи маска, ќе се мери температура на влез и дезинфекција на раце, изјави Манолев.

01.09.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега