Царовска: Оценувањето на учениците ќе биде со физичко присуство

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, односно преку интернет. Иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

„Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа“, рече Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега