Царовска: Продолжува доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски”

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити Колеџ од Солун, којшто е европски кампус на британскиот Универзитет Јорк, денеска потпишаа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски”.

-Со потпишувањето на овој протокол ја продолжуваме соработката со Сити Колеџ во Солун, а со стипендиите „Борис Трајковски“ од годинава наменети за студирање на престижниот британски Универзитет Јорк овозможуваме наши граѓани да се стекнат со диплома од еден од најдобрите универзитети во светот. Програмата се изучува на англиски јазик и нуди уникатни придобивки за учесниците, што ја прави една од најдобрите Извршни МБА програми во регионот, рече министерката Царовска.

Огласот за избор на стипендисти ќе биде објавен идната недела, а во текот на септември ќе бидат објавени добитниците на стипендиите, соопшти МОН.

Универзитетот Јорк е рангиран на 16-то место во Велика Британија (Гардијан 2021), тој е 10-ти во Велика Британија за влијанието на истражувањето и е на 133-то место во светот во рангирањето на светските универзитети за 2021 според Тајмс. Дополнително, има освоено награда за Златен стандард во подучувањето „Gold Teaching Excellence Framework award (TEF)“. 

 

25.06.2021 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега