Царовска: Психолозите се стожер во сочувувањето на менталното здравје на децата, продолжуваме со нивна поддршка

Преку онлајн обуки, Министерството за образование и наука продолжува да ги јакне психолозите во основните училишта кои освен што се важни за обезбедување на квалитетен воспитно-образовен процес, се и стожер во сочувувањето на менталното здравје на учениците. За таа цел денес беше организиран вебинар на тема „Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта“ на кој се  зборуваше за промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија.

„Многу е важно преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата која што е стожер во процесот на планирање, организација и спороведување на воспитно-образовниот процес. Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на нивно јакнење. Психолозите и останатите стручни соработници ни се важни во образовниот процес и сочувувањето на менталното здравје на учениците, не само во време на пандемија, туку воопшто  низ целиот едукативен процес “, рече Царовска.

На вебинарот се зборуваше за начинот на организација и работа на училишните стручни служби во вонредни услови, кога дел од воспитно образовниот процес се одвива онлајн, а дел со физичко присуство на учениците во училиштата, говореа искусни педагози, психолози, и специјални едукатори.

 

Онлајн обуката е организирана од Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега