Царовска за Фокус: Моето дете ќе следи настава од училница

Министерката за наука и образование, Мила Царовска, во изјава за „Фокус“ вели дека нејзиното дете ќе ја следи наставата од училница, односно со физичко присуство.

Царовска за порталот изјавила дека одлучиле нејзиниот син, третоодделенец од 1 октомври да седне во училишните клупи во едно од државните скопски основни училишта.

-Моето дете ќе ја следи наставата со физичко присуство бидејќи е на возраст која бара детето да биде во училница. Со оглед на возраста, како родител сметам дека тоа е добро за неговиот психо физички развој, вели Царовска за Фокус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега