Чадорот ќе биде наша секојдневна гардероба, до крајот на неделата

До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира УХМР.

Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето.

Во сабота времето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност.

Во недела времето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе опаднат, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

УХМР за денес објави и актуелно предупредување

Под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, до петок претпладне ќе се задржи претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа).

29.09.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега