Часовите по физичко образование без маски

Наставата по физичко образование ќе се одвива без заштитни маски, нагласено е во документ од Владата на кој се повикува ТВ21.

Оваа одлука е донесена на барање и средба со група граѓани-родители и е во согласност со препораките на СЗО.

Според објавениот допис од Владата до центарот за управување со кризи, ваквата препорака е донесена на состанокот на Главниот координативен кризен штаб во петокот на барање на родителите.

Прашањето за носење на заштитни маски за време на останатите часови со физичко присуство ќе се разгледа повторно од Комисијата за заразни болести за две-три недели.

 

07.03.2022 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега