Чудо: Се прободел на шипка од 90 сантиметри, ама останал жив

Градежен работник од Бразил имал неверојатна среќа што преживеал страшна несреќа откако се лизнал на скеле од пет метри.

Тој паднал директно на метална прачка долга 90 сантиметри, која го прободела од задникот до градите, ги прободела стомакот, црниот дроб и градите.

Несреќниот 57-годишник итно бил префрлен во болница во градот Куритиба, каде лекарите направиле рендген и сфатиле дека шипката допира до дијафрагмата, пишува Дејли Стар.

За среќа го промашила срцето, но неговата состојба била сериозна и морале брзо да делуваат. Хирурзите опишале како го спасиле, а операцијата започнала со стернотомија (сечење на градната коска).

Потоа го отстраниле оштетеното ткиво и ги санирале внатрешните повреди, по што му била извршена трансфузија на крв.

По неколку дена, пациентот можел да стане и да јаде, а неколку недели подоцна бил пуштен на домашно лекување.

Пред тоа, лекарите забележале големо ткиво со лузна на дел од уретрата, но не е јасно дали било преземено нешто во врска со тоа.

Медицинските експерти велат дека вакви несреќи се ретки, а најчесто се случуваат во градежништвото. Голем процент од нив се фатални, или подоцна доведуваат до компликации.

07.05.2024 - 23:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега