Чука – Османи: Евоинтеграцијата на С. Македонија ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој се наоѓа во посета на Романија утрово се сретна со романскиот премиер, Николае Чука, а предвидена е средба и со неговиот колега и домаќин, министерот за надворешни работи Богдан Ауреску.

Како што соопшти МНР, Османи го запозна романскиот премиер со актуелните ангажмани и напори на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на европските реформски напори, за посветеноста за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

-Без разлика на актуелните предизвици, не сакаме да изгубиме ниту еден ден во приближување на земјата до европските стандарди. Унапредувањето на добрососедските односи се секако еден од клучните приоритети на Северна Македонија, како модел кој единствено гарантира стабилност и просперитет за целиот регион, истакна Османи.

Премиерот Чука, се посочува, изрази задоволство од напредокот и ентузијазмот на С Македонија во контекст на европските интеграции, посочувајќи дека напредокот на земјата кон ЕУ ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан, што преставува силна гаранција за стабилноста и на поширокото соседство на Балканот, како и воопшто за стабилноста на Европа.

На средбата стана збор и за актуелните внатрешно-политички случувања во двете земји, за регионални и глобални прашања и за различни видови на соработка кои ќе ја засилат билатералната соработка меѓу Македонија и Романија, стои во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега