ЦЈЗ Куманово: Седумнаесет новозаболени од Ковид-19, оздравени 34 пациенти

 Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 17 нововозаболени од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 34 пациенти.

– Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери. Тие велат дека имале контакти со заболени членови од семејства, од работни места, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се 23 тестирања од кои 19 по „МојТермин“ и четири тестирања се извршени согласно  епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.513 лица, а во моментов активни се 281.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега