Црвен аларм: Во дел од Македонија попладнево екстремно опасно време - не излегувајте од дома

Дел од Македонија денеска е во црвена алертна фаза поради високите температури. Утрово издаден е метео аларм од црвена предупредувачка фаза за делот на јужното повардарие.
Црвениот аларм значи дека во тој дел од Македонија времето е екстремно опасно.
Останатите делови од земјава и денеска но и утре ќе бидат во портокалова алертна фаза.
Препораките се да не се излегува од дома доколку тоа не е неопходно, да се пијат многу течности, да се избегнува алкохол и да се јаде полесна храна.

25.06.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега