Цветковиќ: Насилствата врз ЛГБТИ заедницата и случаите од „Јавна соба“ заглавија во Обвинителство

Неказнивоста за кривични дела како насилства врз жени и ЛГБТИ заедницата е проблем кој сè уште трае, изјави извршната директорка на Коалицијата „Маргини“, Ирена Цветковиќ во вечерашната дебата на „360 степени“.

 

– Конкретно со Обвинителството генерално има проблем кога станува збор за овој тип на кривични дела како насилство врз ЛГБТИ, случаите од ‘Јавна соба’ исто така се заглавени во Обвинителството. Има случаи на силување на жени за кои не се постапува по шест-седум месеци до година дена. Дури имаше случај во кој една жртва на силување чекаше 12 години за Обвинителството да покрене акт, рече Цветковиќ.

25.06.2021 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега