Д-р Даниловски: Делта го пробива и стекнатиот имунитет, меѓу новозаразените сѐ повеќе ќе има вакцинирани и веќе прележани граѓани

Вирусот делта го пробива во одредена мера и стекнатиот имунитет, меѓу новозаразените сѐ повеќе ќе има вакцинирани и веќе прележани граѓани, пишува професорот д-р Драган Даниловски во својата колумна.

-Летниов бран стивнува. Ако се случат дополнителни “епидемиолошки важни настани” (така ги викаме стручно) – какви што се настава во живо во школите без тестирање два пати неделно на децата и наставниците со брзи тестови и ако останат невакцинирани членовите на повеќето нивни семејства, како и групирања во затворено понатаму во ладните денови – на овој бран може да се надоврзе есенско-зимски бран. Тогаш летно-есенско-зимската епидемиска крива ќе има облик на двогрба камила.

Но, тој нов брани не би требало да биде со висока амплутида како сегашниов, затоа што веќе практично „догорува сѐ што беше за горење“. Нема да има веќе доволно гориво. Зошто? Бројот на заразени и вакцинирани сѐ повеќе се зголемува. Тие потепено ќе станат мнозинство, наведува Даниловски.

-Вакцинација ќе им треба само на високо ризичните граѓани. Дотогаш, постоечките вакцини сигурно ќе бидат „апдејтирани“ – прилагодени на делта. Сите други, вклучително и децата, природно ќе си го „билдаат“ имунитетот со повторувани контакти со вирусот (после прележување или вакцинирање) – при тоа поминувајќи без или со сосема лесни симптоми. И делта монструмот полека ќе се сведе на „скротен лав“- исто како што тоа се има случено со неговите сродници, четирите типови на корона вируси што предизвикуваат обична настинка, пишува Даниловски и додава:

-Независно од можната појава на било какви идни мутанти, малку е веројатно повторно да се појави пандемија! Популацијата на планетава не е веќе имунолошки “наивна”. Со короната е завршено.

31.08.2021 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега