Д-р Костов: Со почитување на мерките не би требало да има зголемен број на позитивни од КОВИД-19

Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот, после празниците не би требало да се зголеми, вели директорот на ГОБ „8 Септември”, д-р Кристијан Костов.

Костов апелираше претстојните празници да се прослават во домашни услови и да се почитуваат мерките за носење маска и држење дистанца што е можно повеќе.

-Секој угостителски објект си има свој протокол на пристап на вакцинирани луѓе, има свој протокол на колку гости може максимум да бидат присутни во кафеаната и сметам дека треба да се придружуваат на сите овие протоколи, на сите овие мерки како што се препишани за кафанското работење, за дружбата дома во домашни услови се со цел да некако немаме поголеми последици. Верувајте дека најголем процент од болните коишто завршуваат со летален исход се пациенти невакцинирани, додава тој.

Во однос на состојбата во ГОБ „8 Септември”, директорот истакна дека во последните два месеци бројката се движи околу 50-ина пациенти.

-Кај нас гравитираат пациенти, воглавно 85 проценти доаѓаат од другите болнички установи, со влошена клиничка слика. Најголем процент, односно, речи сите се на кислородна поддршка и интензивниот оддел е секогаш полн. Голем процент се на респиратор и воглавно популацијата т.е. возраста е од 30-ина години нагоре, појасни тој.

Директорот на болницата апелираше до граѓаните да се вакцинираат што е можно побрзо

31.12.2021 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега