Д-р Митов: Ако ја тераме Новата година како лани, ќе дојдеме до ситуација третиот бран да се појави и кај нас

Се покажува дека имунитетот кој што се создава нема долго влијание, односно останува со пациентот неколку месеци. Ќе видите по социјалните мрежи дека и кај нас, кај Македонци кои биле болни годинава болеста се има вратено. Значи јасно е дека ако еднаш се прележи може да се повтори. Се претпоставува, ќе видиме во наредните месеци, дека вакцинацијата ќе створи траен имунитет, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

–Главната загриженост моментално е дали варијациите на вирусот би резултирале со тоа вакцината да нема ефект, но мора да истакнам дека се работи за непотврдени информации и се уште се нема никаков доказ за тоа. За жал во светот, веќе е јасно, дека во моментов се случува т.н трет бран. Јасно се исцртува растот на бројот на заразени. Веќе е на сцена тртиот бран кој што е навлезен во САД. Ако ја тераме Новата година како лани, барем еден дел од населението да го направи тоа, ќе дојдеме до ситуација третиот бран да се појави и кај нас. Ако досега некако се одржуваше на работ здравствениот систем, ако тераме Нови години, во ситуација сме да го турнеме во провалијата. Тоа е реалната слика, смета Д-р Митов и додава дека и поголемите и појаки држави како Германија и Франција преземаат мерки независно од последиците врз нивните силни економии и додава дека колку побрзо се прифати вакцината како решение, толку подобро за сите- вели д-р Митов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега