Д-р Николов за зголемениот број на новозаразени: Немаше никаква кон трола на границите - закаснивме со вакцинацијата

Физичкото присуство во училиштата и зачувувањето на образовниот процес треба да биде звезда водилка на власта и на државата.

Како што мајката си ги чува своите деца од надворешни напади така државата треба да се обиди да го заштити образовниот процес, особено на најмладите, вели д-р Игор Николов, претседател на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Република“.

Според него постојат неколку фактори што бројките на заразени повторно пораснаа:

-Немаше никаква контрола на границите но најважно беше што закаснивме со вакцинацијата.Закаснетата вакцинација е резултат на никакви стимулативни мерки за промоција на вакцинацијата.Сега ги гледаме но тие се задоцнети.За промоцијата на вакцинацијата потребно беше да има промотивни мерки наместо ригидни рестриктивни мерки кои прават отпор кај населението, кажа докторот.

Николов објаснува и тоа како е можно со зголемување на бројот на вакцинирани да се зголемува и бројот на заразени.

-Би требало тоа да биде обратнопропорционално но се случува доцнење на вакциналниот процес.Имаме вакцинирани со втора доза релативно доцна и немаше време да се создаде тој имунитет за кој се потребни од 4 до 6 недели и со тоа се соочуваме со феноменот да расте бројот на заразени но неоспорен е фактот дека бројот на заразени со тешка клиничка слика а се вакцинирани е прилично помал во однос на невакцинираните, објасни тој.

29.08.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега