Д-р Петличковски: Природниот имунитет е подобар од вакциналниот

Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски за Слободен печат вели дека има прилично сериозни податоци кои укажуваат на тоа дека природниот имунитет е подобар од вакциналниот имунитет.

Тоа, според него секако, не значи дека граѓаните треба да трчаат по инфекција за да имаат подобар имунитет против Ковид-19, затоа што и вакциналниот имунитет е споредлив.

Тој за Слободен печат споделува израелска студија објавена пред неколку дена, спроведена на огромна група испитаници.

-Оваа студија потврдува дека природниот имунитет е многу солиден. Израелската студија е спроведена на огромна група испитаници и потврдува дека луѓето кои имаат поминато Ковид-19, поретко се инфицираат со Сарс Ков 2, отколку луѓето вакцинирани со две дози.

А најдобриот имунитет пак, имаат луѓето кои имаат поминато болест и имаат примено една доза вакцина. Сето ова се однесува на вакцината на Фајзер, вели тој и меѓудругото посочува дека најдобрата комбинација за имунитетот е откако ќе се прележи инфкцијата да се прими една вакцина која дава уште подобар имунитет.

28.08.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега