Д-р Стевановиќ: Младоста не штити од ковид како што сметавме на почетокот на епидемијата

Петнаесегодишната пациентка од тетовското село Селце, која почина на инфективната клиника во Скопје од компликации од Ковид 19, била со тешка здравствена состојба и, иако лекарите ѝ овозможиле комплетна терапија, таа не успеала да ја победи болеста.

„Пациентката пристигна на Инфективната клиника во исклучително тешка здравствена состојба. Таа била претходно примена и во тетовската болница, но имала многу брз развој на тешка клиничка слика. Тераписки беше комплетно покриена, така што немало што повеќе да се даде од лекови и не можел да се смени крајниот исход од болеста“, вели директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ за „360 степени“.

 

Д-р Стевановиќ апелира до младите да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките бидејќи, како што вели, младоста сама по себе не штити од ковид, како што се сметаше на почетокот од епидемијата.

„Имаме работа со тешка инфекција и мора да бидеме исклучително сериозни, независно од младоста. Младоста не нè штити така како што сметавме или се надевавме на почетокот на епидемијата“, вели д-р Стевановиќ.

01.09.2021 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега