Дабиќ: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што јавно зборував за состојбите во дипломатијата

 

Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), Зоран Дабиќ, преку отворено писмо до јавноста информира дека Министерството за надворешни работи му подготвило дисциплинска постапка поради тоа што, како што вели, јавно говорел за состојбите во дипломатијата и нејзиното тенденциозно уништување.

„Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно. Барам јавна поддршка од сите вас без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување“, вели Дабиќ.

„Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!

Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!

Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!

Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца!“, пишува Дабиќ.

24.07.2022 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега