Даутовска: Учебникот по турски јазик ќе ја зголеми љубовта на првачињата кон мајчиниот јазик

Една од најважните цели на образованието е да им се даде на децата правилен начин на образование на својот мајчин јазик, како и љубов и навика за читање. Доколку ја земеме предвид важноста на мајчиниот јазик, ќе знаеме дека тоа е подготовка на детето за когнитивна и емоционална иднина, вели Вилдан Даутовска, која заедно со доцент д-р Осман Емин го подготви учебникот по турски јазик.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Даутовска наведува дека додека ги подготвувале материјалите за учење по турски јазик за прво одделение имале една желба: да создадат поединци кои за кратко време ќе научат да читаат и пишуваат, да го разберат тоа што го читаат, да мислат и да ги искажат своите мисли со правилни зборови,

– Најважната карактеристика на учебникот е тоа што ќе ги натера учениците да го сакаат турскиот јазик. Овој учебник ги содржи темите предвидени со новата програма за инклузивно образование од прво одделение во деветолетката. На овој начин, сметаме дека ќе се реализираат програмираните придобивки од ефективниот, когнитивниот и психосоцијалниот развој на детето. Содржините на учебникот се забавни и често предизвикуваат длабоко размислување. Овие активности се планирани да им овозможат на децата правилно и убаво да го зборуваат турскиот јазик, да го подобрат вокабуларот и да ги зголемат комуникациски вештини, вели Даутовска.

Авторката додава дека учебникот е богат со бајки, анегдоти, приказни и песни. Вклучени се и активности, како: римување, читање поезија, решавање загатки, разговор, читање сликовници, визуелно читање, интерактивно и споделено читање, раскажување приказни, имитација на игри, драматизација, завршување на приказната, илустрација на приказна и создавање нова приказна со користење слики и илустрации. Според Даутовска, сето тоа ќе придонесе да се зголеми интересот на учениците за часовите по турскиот јазик

18.08.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега