Деца од семејства во социјален ризик ќе одат на седумдневен летен одмор

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година.
 
Притоа, го задолжи Министерството за труд и социјална политика  да донесе Програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, за што ќе биде објавен повик на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект, соопшти владината прес-служба.
21.06.2022 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега