Децата ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител рече дека децата ќе бидат ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија.

-Ќе бидат секако ослободени. Потребите за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани, над 18 години. Сметам дека мерките и досега дадоа резултат. Гледаме дека изминатата недела, откако беа најавени, зборувам за овие коишто се денеска се во сила, значајно се зголеми интересот за вакцина. Во еден момент достигнавме и до осум – девет илјади граѓани кои се пријавија и се вакцинираа во текот на еден ден. Минатата недела се дадоа околу 50.000 дози. Значајно се зголеми опфатот на вакцинација, рече Филипче.

Појасни дека досега околу 4.000 деца на возраст од 12 до 16 години се вакцинирале против вирусот.

16.08.2021 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега