Дедо со велосипед удил баба на „Партизанска“ - итно пренесена во болница

72-годишна баба со тешки телесни повреди е пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ откако претходно во неа со велосипед удрил 71-годишен дедо.

-Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, велосипед управуван од А.В.(71) удрил во пешакот В.У.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.У., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

06.04.2024 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега