Делови од неколку скопски општини денеска ќе останат без струја


ЕВН Македонија АД извести дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, струја ќе немаат корисниците од село Блаце, како и објектите на караула Блаце, Мобимак Блаце, Филип Инжинеринг, граничен премин Блаце и терминал Блаце во општина Чучер Сандево.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Мирослав Крлежа и Никола Тримпаре во општина Центар ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај ќе немаат струја.

15.03.2024 - 08:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега