Дендиас: Договорени сме дека вашите предци не можеле да војуваат под водство на Александар Велики

Грција силно ја поддржува Северна Македонија и целиот Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Грција е и може да биде ваш најголем пријател и соработник. Изборот што го направивте да стоите до нас, да одите по патот до големото европско семејство е вистинскиот избор за добробит на вашиот народ. Треба да продолжи имплементацијата на Преспанскиот договор кој е основа за подобрување на заемните односи и влез на земјата во европското семејство, порача денеска шефот на грчката диломатија Никос Дендиас кој е во официјална посета на земјава.

Грција, посочи тој, е задоволна од она што досега е направено во насока на имплентација на овој договор.

-Направени се многу скорешни чекори од кои еден е тргањето на таблата пред зградата во која се наоѓаме, поставена во други времиња и го претставуваше кралот Филип, таткото на Александар Велики, бидејќи договорени сме заедно дека тогаш вашите претци се уште не биле пристигнати на Балканскиот Полуостров и немале можност да војуваат под водство на Александар Велики во длабочината на Азија, променето е и името на Археолошкиот музеј и промената на таблите на граничките премини, рече Дендиас додавајќи дека имплементацијата на договорот не е бирократска работа туку треба да се имплементира секоја буква и за тоа, како што рече, има временска рамка.

31.08.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега