Дендиас утре доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас утре доаѓа во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти македонското МНР, Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратешко партнерство. 

-Предвидено е министрите да дискутираат за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан. Во делот на билатералната соработка, фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот,  како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција, велат од МНР.

30.08.2021 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега