Десет поранешни функционери ја тужат државата - Стразбур прашува дали аболицијата на Иванов е законска

Десет поранешни функционери ја тужат Македонија пред судот во Стразбур кој објави листа  на македонските тужители во две групи, пренесува „Плусинфо“. Во првата група се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талески, Тони Јакимовски.

Европскиот суд за човекови права бара од државата одговор дали аболицијата која Иванов ја даде во 2016-та година е законска и дали нејзиното повлекување е правно издржано.

Македонското биро за застапување на Македонија пред судот во Стразбур ќе треба да одговори „Дали одлуките за помилување на претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега