Деспотовски за Пресс24: Кадровски прашања не се решаваат со шпекулирање

Актуелниот Директор на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски вели дека воопшто не разговарал за замена на својата позиција во ФИТР со директорската во Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Тој во изјава за Пресс24 вели дека кадровските прашања не треба да се решаваат со шпекулации.

„Не сум разговарал за ова, ниту сум размислувал на оваа тема. Лично, не сметам дека кадровски прашања на сериозни државни институции треба да се решаваат со шпекулирање, туку со конкретен план за работа, цели и резултати, вели Деспотовски за Пресс24.

Утрово повеќе медиуми објавија информација дека Деспотовски кој во изминатите години го водеше Фондот за иновации, позицијата ќе му ја отстапи на Потпретседателот на СДСМ Коста Петров и ќе замине да биде прв човек во ТИРЗ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега