Детална прогноза за неделава: УХМР соопшти какво ќе биде времето за Божиќ

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време. Утре на повисоките места ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините и речните долини претпладне ќе биде магливо и постудено.

Во четврток во текот на денот ќе има појава на зголемена облачност, а од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

05.01.2022 - 08:58
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега