Детската Клиника набави „Трикафта“ за сите пациенти над 12 години што се подобни за оваа терапија


Сите 67 пациенти погодни да примаат „Трикафта“ ќе ја добијат оваа терапија почнувајќи од овој месец, откако Клиниката за детски болести ја заврши процедурата за набавка на лекот преку тендер кој го опфаќа периодот до декември. Тоа значи дека сите пациенти повозрасни од 12 години а кои се погодни да го примаат овој лек од месецов ќе ја имаат таа можност.

Ова значи дека сите пациенти со цистична фиброза над дванаесетгодишна возраст, погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот „Трикафта“ во текот на овој месец, односно терапијата која е најсовремена за третман на оваа болест. За трпеливоста и разбирањето, Клиниката за детски болести се заблагодарува и на Здружението на пациенти со цистична фиброза со кое имаме одлична соработка. Инаку, терапијата со „Трикафта“ во нашата земја е достапна од минатата година и веќе имаме искуства за исклучителниот позитивен ефект на терапијата кај овие пациенти, изјави директорката на Детската клиника доктор Валентина Цвејоска Чолаковска.

12.04.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега