Девет Срби уапсени во Хамбург за шверц на 137 килограми кокаин


Девет српски државјани се уапсени во пристаништето во Хамбург откако полицијата пронашла 137 килограми кокаин скриени во даските на товарен брод.

Вредноста на запленетата дрога е проценета на 14 милиони евра, пренесува Билд.

Како што пренесува Билд, дрогата од Боливија била добро скриена со дрвени даски. Имено, шверцерите исекле 115 даски за да ги сместат пакувањата со дрога во шест комори, а планот на дилерот бил откриен при редовна контрола на царина.

Крајната дестинација била Словачка.

18.03.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега