ДИК ги изброја гласовите: Во Дебар победи градоначалникот на ДУИ, со 138 гласови повеќе од противкандидатот на АА/А

Согласно првичните резултатите на Државната изборна комисија, за гласањето на градоначалник во Општина Дебар, сто проценти обработените податоци, покажуваат дека новиот градоначалник е Хекуран Дука, од редовите на ДУИ.

Гледајќи ги гласовите, кандидатот на ДУИ, Дука, победил на изборите со 138 гласови, повеќе од противкандидатот Беким Поцеста.

За Дука гласале, 4.291 лица, додека за Процеста, кандидатот за градоначалник од редовите на АА/А освои 4.153 гласови.

 

Процентуално гледано, разликата е многу тесна, односно Дука има 49, 69% од гласовите, додека противкандидатот Поцеста, 48,09%. 

 

15.11.2021 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега