ДИК: Излезноста до 15 часот е 34,87 проценти, поголема во однос на 8 мај


До 15 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1574  односно  34.87% , соопшти ДИК. 

Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи односно  43.10%.

Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 197 гласачи односно  42 %.  

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 67 гласачи односно 22.48 %. 

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 226 гласачи односно  31.79 %. 

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 173 гласачи односно 26.29 %. 

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 184 гласачи односно   29.11%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 299  гласачи односно 39.71 %. 

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 15 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1.21% на овие избирачки места.

22.05.2024 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега