ДИК: На 81,08% обработени податоци Силјановска води со над 148 000 гласови


На 81.08% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 290259 гласа, објави Државната изборна комисија.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 141706 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 102565 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 72373, Максим Димитриевски со 61414, Билјана Ванковска 31139 и Стевчо Јакимовски со 5191 гласа.

24.04.2024 - 22:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега