Димитриевски: Добив две иницијативи за поставување на обележје за загинатите во 2001 година и настаните од „Диво Насеље“

Две иницијативи за поставување спомен обележја за загинатите припадници на македонските безбедносни сили од конфликтот од 2001 и за настанатите од кумановско „Диво Насеље“ 2015, пристигнале во Општина Куманово, информираше денеска градоначалникот, Максим Димитриевски.

Тој истакна дека иницијативите се разгледани, ќе бидат разгледани правните аспекти и ќе се утврдува дали е потребно советот да даде одобрение за поставување на спомен обележјето.

– Во текот на оваа година добив две иницијативи, едната е од синдикатот на полициските службеници на Македонија, втората е од Здружението на ветерани од Куманово имаат изготвени и идејни решенија и бараат од општината да изгради спомен обележје на бранителите од 2001 година и сите загинати полициски службеници во 2015 година во настаните во населбата „Тоде Мендол“. Јас веднаш ја прифатив таа инцијатива ги разгледувам правните можности околу тоа дали е потребно да се донесе одлука на Советот или веќе во минатото има донесени такви одлуки и потоа ќе излезам пред советот со пренесеното барање од овие организации, бидејќи сметам дека тоа е наша обврска како град и како држава и тоа е нешто што најмалку можеме да го направиме. Да се одложиме на овие наши сограѓани и бранители а дополнително и тоа е морален гест кон семејствата на паднатите борци, ние сме тука за нив и јас верувам дека ќе наидам на апсолутно разбирање и консензус за ова прашање во Советот, изјави Димитриевски.

Во Куманово со години наназад до општината пристигале иницијативи од различни здруженија на граѓани, поединци за поставување на спомен обележја за загинатите припадници на безбедносните сили од 2001, a последниов период и за загинатите припадници од настаните од „Диво Насеље“ 2015.

29.04.2022 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега