Димитриевски: Нека дојдат да избришат споменик во Куманово, па ќе видат што ќе се случи

Во денешното гостување во „Студио 10“ на телевизија 24, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека не може нашите партнери во странство да ја бранат Македонија и македонскиот идентитет, јазик, самобитност и државност повеќе од нас самите.

„Што правиме ние? Молчиме. Па во странство се говори повеќе за овој проблем, отколку кај нас дома. Ова мора да го решиме. Спомените од втората светска војна уште се живи, имаме учесници во Втората светска војна. Баба ми има 95 години, ден денеска памети што се случувало. Зошто еден бугарски политичар не се одважи и не излезе јавно да се извини за сето она што го имаат направено во рамки на Втората светска војна? Јас не ги окривувам граѓаните на Бугарија, не се фашисти. Но, факт е дека Бугарија била составен дел на фашистичката коалиција и режимот воБугарија бил фашистички штом дал една таква поддршка. Тоа целиот свет и светската историја го пишува“, вели Димитриевски.

Димитриевски порача да дојде некој ако има храброст да брише било каков споменик во Куманово за да види што ќе се случи.

„На крајот, ние да ги бришеме спомениците. Нека дојдат да избришат споменик во Куманово ќе видат што ќе се случи. И да го видам тој којшто ќе биде подготвен да дојде да брише било каков споменик“, потенцираше Димитриевски.

22.06.2022 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега