Димитриевски: Очекувам апсолутна поддршка од граѓаните на следните избори

„Се зависно колкава доверба од граѓаните ќе се добие, јас очекувам дека ние ќе ја добиеме апсолутната поддршка од граѓаните и на следните избори ние ќе бидеме фактор за креирање на власта и ќе разговараме со нашите потенцијални партнери кој тоа ќе ги следи нашите програмски определби. Политиката е разговор и дијалог, но верувајте ми најодговорно тврдам ниту во еден момент нема да разговараме со луѓе кои имаат зад себе опашки и коишто правеле зло на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“. Ова го порача градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Макфакс.

Димитриевски истакна дека никогаш не се борел за ваква власт, туку за власт која ќе биде блиску до граѓаните и ќе ги слуша нивните пораки.

„Оваа власт за жал е однародена, не ги слуша пораките, само гледа начин да изнајде модел за да узурпира што поголем на невладини здруженија, организации. Тоа се случува со Здружението на пензионери во Куманово. Се собрала една елита којашто е многу блиска до власт и на секој начин бара да го оцрни здружението коешто е едно од најдобрите во државата, се со цел да го стават во сопствена контрола. И океј ќе го стават, ќе ги искористат позициите, бидејќи ако имате вие родители на министри, носители на високи функции никој не сака од обичните луѓе да се соочува и конфронтира со авторитети што ќе се случи потоа, ќе згасне, ќе таргетира тоа здружение кое претходно имало исклучително добри резултати. Е тоа ни се случува, да се стави во секој сегмент, контрола и во системот на контролиран број гласачи да се обезбеди поддршката за следната власт. Па тоа е системот на Груевски. Ние тој систем го имаме осетено на кожа, треба да му ставиме крај, треба да се бориме против тоа“, рече Димитриевски.

08.03.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега