Димитриевски: САД се нашиот најголем стратешки партнер

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека САД се нашиот најголем стратешки партнер и да не беа тие немаше ние да направиме држава каква што ја имаме, но проблемот е дали можеме да ја сочуваме.

„Нашиот најголем партнер се САД, да не беа тие немаше ние да успееме да направиме држава каква што ја имаме. Проблем е дали можеме да ја сочуваме. Зошто? Излегува помошник државен секретар и ви вели „ова е билатерален проблем помеѓу две држави, оставете го проблемот, решавајте го помеѓу државите“. Ние скокаме француски предлог го трансформираме во мултилатерален проблем. Што значи тоа? Утре ќе ви дојде, следниот министер за надворешни работи ќе оди да преговара за јазикот, за културата, за идентитетот, за сите овие отворени прашања кои се официјално оспорени од страна на Бугарија, потврдени во нивниот парламент со Европската Унија. Ве молам влеговме во еден процес по осамостојување кое беше едностран со Грција. Потпишавме еден договор којшто се вика преспански. Сега повторно едностран проблем којшто е наметнат од Бугарија, се потпиша Договор за пријателство и добрососедство ние не се спријателивме, ние се разединивме. Мора да се изнајде современа политичка елита и од едната и од другата страна и да го бара суштинското решение“, рече Димитриевски.

20.02.2023 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега