Димитриевски за навредите на Шилегов: Не коментирам промискуитетни ставови

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера во гостувањето во Дневникот на Сител истакна главниот град е украсен бидејќи на време биле обезбедени технички помагала за сите ученици од средните училишта за следење на онлајн наставата.

Тој образложи какви средства обезбедил Градот и остро ја коментираше работата на своите колеги, кои дел се и негови сопартијци.

-Тоа што некои градочаналници беа неспособно да тоа го обезбедат во текот на септември, и сега се кријат во популизмот, па макар биле и мои сопартијци, сега глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедиме компјутери, затоа не китиме. Не, тоа е неспособност на дотичниот градоначалник да ги обезбеди компјутерите на време, рече Шилегов, мислејќи на кумановскиот колега, Максим Димитриевски.

На прашање на Алфа како ќе ја искоментира ваквата квалификација, Димитриевски одговори:

– Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово, рече Димитриевски за Алфа.

Колку за потсетување, Димитриевски е против менувањето и отстранувањето на таблике во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега