Димитров: Ако одиме по патот на пријателството, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека

 

Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод тригодишнината од потпишувањето на Договорот за за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

-„Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си”, непознат автор. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе не’ носи напред, напиша Димитров.

Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов. 

 

“Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си.” - непознат...

Posted by Никола Димитров - Nikola Dimitrov on Saturday, 1 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега