Димовски: ФФМ нема никаква обврска да го промени своето име

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели дека Фудбалската федерација на Македонија нема никаква обврска да го промени своето име.

Појаснувајќи го Преспанскиот договор вели дека за да имаат ваква обврска приватните ентитети треба да исполнуваат три услови: Да се поврзани со државата и јавните ентитети, да се обврзани со Закон и да добиваат финансиска помош од државата за активности надвор од неа.

Вели дека прити сокот што Владата го прави врз ФФМ е спротивен на правилата на ФИФА и УЕФА.

Па да видиме:

1. Не. ФФМ не е поврзана со државата и јавните ентитети... Напротив, одлуките и на ФИФА и на УЕФА се дека фудбалските федерации не смеат да бидат поврзани со државата.

2. Не. ФФМ не е основана со закон.

3. НЕ! ФФМ НЕ ДОБИВА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА АКТИВНОСТИ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА... Средствата што ги добива ФФМ се користат само за активности дома, и тоа не на ФФМ, туку на.клубовите...

Притисокот кој го прави Владата (Зоран Заев, Бујар Османи, Наумче Мојсоски...) е спротивен на правилата на работа на ФИФА и УЕФА...

ФФМ може да го пријави овој притисок, кој ако продолжи може да резултира и со дисквалификација на македонскиот фудбал од било какви меѓународни натпреварувања...

Фудбалската репрезентација на Македонија беше еден редок елемент на кој се обединивме сите...

Не чепкајте го името на федерацијата и на репрезентацијата...

Ќе се поделиме како нација и за тоа...

ФФМ има правни аргументи да се бори во оваа битка..“, напиша Димовски.

15.07.2021 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега