Директорот на ГТЦ од медиумите дознал дека во Трговскиот се копаат криптовалути

Директорот на Градскиот трговски центар, Ѓоко Трајчевски тврди дека од медиумите дознал оти во објектите на ГТЦ се копаат криповалути.

-Денеска дознав од медиумите. И јас сум запрепастен од ова што се случува во ГТЦ. Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински простор, деловен простор и многу други простори коишто гравитираат низ Градскиот трговски центар, вели Трајчевски.

Прашан за сомнителното комбе, кое според дел од медиумите, една година било паркирано до магацинот, директорот вели дека не знаел оти таква информација до него не стигнала.

-Има доле, оставаат дуќанџиите комбиња, возила, така што, не е само комбе. Може и возило да остават. Економската сообраќајница е за дотур на стока, така што немам информација дали стоело комбе или возило подолго време, рече Трајчевски, додавајќи дека утре заедно со полицијата ќе гледаат што да се преземе понатаму.

 

16.11.2021 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега