Директорот на штипската болница: Свесно сакаа да направат инцидент, за бебето им реков да дојдат утре

Градоначалникот на Штип, Игор Јорданов се појавил пред вратите на болницата во 1 часот и 30 минути, иако во 1 часот и 5 минути директорот на болницата доктор Ален Георгијев на неговата секретарка телефонски ѝ кажал дека протоколот и препораките од медицинските лица се во посета да се дојде подоцна, или во текот на утрешниот ден, затоа што бебето е родено само пред неколку часови.

-Се гледаше дека свесно сакаат да направат инцидент. Ова е преседан – да го прескокнат и директорот и началникот и дежурниот лекар, и да дојдат на визита, иако телефонски на претставничка на неговиот кабинет и кажав да дојдат утре или подоцна вечерва, но не веднаш по породувањето. Ги оставиле подароците и си заминале, вели директорот на штипската болница доктор Ален Георгијев за „Слободен печат“.

 

04.01.2022 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега