ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Комисијата Билјана Ивановска.

Во соопштението се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори, се посочува во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега