Додека во регионот се заоструваат, кај нас нови мерки нема: Состојбата се влошува, а моментално е активен 8.331 ковид-случај

Триесет и осум отсто од популацијата во државава е целосно вакцинирана, а 54.170 примиле трета доза. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 1.483 тестирања регистрирани се нови 172 случаи со Ковид-19, девет починати и 381 оздравен пациент. Активни се 8.331 случај од кои најголем број 3810 се во Скопје.

Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.449 заболени, оздравени се 193.781 пациент, а починати се 7.337 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.

16.11.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега