Досега вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини

 
„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација“-известуваат од Министерството за здравство.
 
Досега вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани.
 
Вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани, од нив прва доза вакцина примиле 1.820 лица.
Согласно статистиката на надлежните, 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, 32% од населението над 18-39 години имаат примено една доза вакцина, а пак, трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.
 
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“-се вели во соопштението на здравствените власти.
28.09.2021 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега