ДУИ: Мицкоски да одговори дали им забранил на неговите градоначалници да соработуваат со Албанци

 

„Големиот шпицен командант Мицкоски во маскирна униформа и со празен калашников на слика од давање заклетва пред жени и деца избегнува да одговори на конкретно прашање: Дали им има дадена јасна, строга и недвосмислена наредба на своите градоначалници да не соработуваат со Албанци, да не издаваат дозволи за градба на компании во сопственост на Албанци и да не легализираат домови на Албанци иако го исполнуваат законските услови“ соопштија од владејачката ДУИ.

Од партијата велат дека Мицкоски „од позиција на опозиција произведе повеќе коруптивни скандали отколку што ВМРО имаше кога беше на власт“.

„Големиот шпицен командант беше фатен со рачињата во медот што би рекла неговата градоначалничка Данела Арсовска. Но, наш најголема грижа е сепак антиалбанството во ВМРО ДПМНЕ кое што претходното раководство на ВМРО го надмина, но Мицкоски го врати на голема врата, со протестите против Албанскиот јазик, против Албанец на чело на Собранието, со 27 Април, со поттикнувањето на етничка нетрпливост и со секојдневните негови лаги против Албанците на високи позиции“ се вели во партиското соопштение.

20.02.2023 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега