Дури 25.000 вакцини Астра Зенека ќе бидат уништени

Веќе нема влез во угостителски објект, или мол без две дози на вакцина или пак доказ за прележан Ковид-19 во последните 45 денови. Влезот е овозможен единствено со сертификат за ковид за примени две дози од вакцината. 

Но, загрижува фактот што ниту оваа мерка не го вклучи алармот кај младата популација да прими вакцина, за да се заштити од опасниот вирус. Поради незаинтересираноста на популацијата за вакцинација, голем дел на вакцини ќе бидат уништени. Меѓу нив, 25.000 дози од производителот Астра Зенека.

Ако сепак некој се одлучи да прими вакцина, а тоа да е од производителот британско-шведско производител Астра Зенека, во Македонија повеќе нема да може да ја прими. 25 илјади дози од овие векацини ќе бидат уништени затоа што на крајот од месецов им истекува рокот, а со оглед на тоа што се двете дози се примаат во растојание од шест недели, овие вакцини едноставно не можат да бидат потрошени. Може да се прими само втората доза, и тоа граѓани над 60 години.

Моментално, од министерството за здравство известија дека се располага со 252.680 дози вакцини од производителот Фајзер, чиј рок истекува во февруари 2022-ра, околу 25.000 од производителот Астра Зенека, чиј рок истекува на крајот од ноември,  и 5000 од производителот Синовак кои се со рок до 2023 година.

16.11.2021 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега