Дваесет и двегодишниот кумановец кој почина од Ковид 19 пред да дојде на лекар бил на свадба

Дваесет и двегодишниот пациент, кој во вчера беше регистриран како најмладиот пациент што починал од ковид за тоа деноноќие, најверојатно, се заразил на свадбена веселба, пишува „360 степени“.

Пациентот не бил вакциниран и немал хронични заболувања, но во исклучително тешка состојба е примен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, велат од Министерството за здравство за „360 степени“.

„Пред да побара болничко лекување, четири дена бил со висока температура. Во епидемиолошката анкета стои дека 10 дена пред лекарскиот преглед бил на свадба“, велат од Министерството за здравство.

01.09.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега