Двајца вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Надлежните од кумановската општа болница денеска потврдија дека двајца нивни вработени, повторно се заразени од Ковид 19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

Директорката на болницата д-р Снежана Захариева вели дека станува збор зa вработена во очно одделение и за медицинска сестра од хирургија.

– Сето ова е непознаница за нас. Двете го прелажаа заболувањето претходно, изјави Захариева.

Вработената од очното одделение отишла да дарува плазма и при контрола и бил потврден вируот.

– Во моментов добро се чуствува, има блага малаксаност, вели Захариева.

Таа појасни дека медицинската сестра од хирургија била позитивна на Ковид-19 на почетокот на епидемијата, со лесна клиничка слика. Пред две недели, се пожалила дека не и добро, биле направени иследувања, повторно имала симптоми, но сега е подобро.

– Не знаеме како се заразиле, немаат позитвна епидемиолошка анкета, вели Захариева.

Од почетокот на пандемијата во кумановската болница имаше значителен број на заразен здравствен персонал, кој подоцна се излекува и се врати на работните места.

Во моментов на инфективното одделение болнички се лекуваат 15 лица со средно-тешка клиничка слика, а шестмина од нив се на кислородна поддршка

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега